Симоне Инзаги: Овој Интер никогаш не се предава

Фановите на италијанскиот фудбал уживаа во претставата која што гигантите Интер и Јувентус им ја приредија во Куп-финалето. На „Олимпико“ во Рим на крај се радуваше шампионот, кој по пресврт и по продолженијата го совлада големиот ривал и по повеќе од една деценија се радува на овој трофеј.

Симоне Инзаги, тренерот на Интер, по освоениот Куп уште еднаш истакна дека неговиот тим никогаш не се предава.

„Одигравме одлично против силен противник. Бевме одлични во првиот половина час, но малку се „загубивме“ во последните 15 минути од првиот дел. Нашиот пристап во вториот дел беше лош и примивме два гола. Моравме да останеме концентрирани, но овој тим никогаш не се откажува, а тоа не го велам само поради оваа вечер.

Сега ни претстојат уште два првенствени натпревари и ќе ги одиграме најдобро што можеме, но секако дека ќе го славиме овој Куп со навивачите“, изјави Инзаги.

Младиот тренер го крена вториот трофеј со миланскиот клуб, откако во јануари го освои и Суперкупот со победата против Јувентус. И тој натпревар беше решен во продолжението, во последните моменти од судиското надополнување.

Состави

Масимилијано Алегри

5-3-2

    Симоне Инзаги

    4-3-3