Силекс доведе уште еден фудбалер, Пеев ќе ги брани боите на кратовчани

Пеев

Силекс немаше среќа во баражот против Тиквеш, па на крај испадна од прволигашкото друштво и наредната сезона ќе ја одигра во ВМФЛ.

Кратовчани претставија неколку нови засилувања во пресрет на новата сезона. Денес беше потврден уште еден трансфер.

Се работи за Лазар Пеев кој доаѓа од редовите на Борец. 23-годишникот е задолжен за дефанзивните задачи во средниот дел од теренот.

Од Кратово си замина Мустафов, а пристигнаа Стојчевски, Алексовски и Димовски.