Фудбалерите на Бетис го искористија практично домашниот терен во Севиља и на „Ла Картуха“ го кренаа трофејот во Купот на Кралот, откако во финалето славеа на пенали против Валенсија.
Легендарниот фудбалер на Бетис, Хоакин Санчез беше одушевен откако неговиот тим го освои трофејот од Купот на Кралот. За првпат по 2005 година Бетис го подигна овој трофеј, откако беше поуспешен во изведувањето на пеналите против Валенсија.
Фудбалерите на Бетис успеаја да го освојат трофејот во Купот на Кралот откако на Олимпискиот стадион во Севиља дојдоа до победа над Валенсија по изведување на пенали (1-1 регуларен дел, 5-4 пенали). Фудбалерите во зелено-бела опрема трет пат во историјата се радуваат на овој пехар. Последен пат Бетис беше шампион во Купот на Кралот во далечната 2005 година и по 17 години пак е на тронот.