• Сашо Поповски

Изненадувачка одлука донесе екипата на Бенфика, која се раздели со првиот тренер Жорж Жезус.
Двете страни се договорија за предвремено раскинување на договорот. 67-годишникот ќе биде заменет од Нелсон Верисимо, поранешниот предводник на Б-тимот на португалскиот гигант.
„Мислам дека оваа одлука е најдобра за двете страни. Животот продолжува понатаму“, рече Жезус.
Obrigado, Jorge Jesus.#EPluribusUnum
— SL Benfica (@SLBenfica) December 28, 2021
Разделбата доаѓа само пет дена по тешкиот пораз од Порто во Купот на Португалија.