Шок за младиот Лукас Силва: Поради срцеви проблеми му пропадна преминот во Спортинг

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Лукас Силва, вчера отпатува за Португалија за да го комплетира својот премин во Спортинг Лисабон, каде требаше да настапува една сезона како позајмен играч на „кралевите“. Но, тоа не се случи и фудбалерот се врати назад во Мадрид. 

Спортинг и Реал Мадрид веќе пред неколку дена ја договорија позајмицата на Силва, но Бразилецот не успеа да ги мине лекарските прегледи во Лисабон, бидејќи му беа откриени сериозни проблеми со срцето.

Лукас Силва во Мадрид се пресели во зимата 2015 година и од тогаш има одиграно само девет натпревари за „кралскиот клуб“, а минатата сезона беше отстапен на позајмица во француски Олимпик Марсеј.