• Мартин Танасковски

Македонскиот првак Шкупи има негатива на гостувањето кај Шамрок Роверс во Даблин (1-0) во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на Европа, поради глупав пенал кој се направи во првиот дел на првото полувреме.
Се играше 12-тата минута од средбата во Даблин, кога новајлијата Алберт Диене направи глупав пенал, откако со двете нозе пресече противник одзади. Одговорноста ја презеде Грахам Бурк кој го совлада Кристијан Наумовски.
- Голот на Шамрок Роверс против Шкупи:
Тимот кој ќе мине во плеј-офот од Лигата на Европа ќе игра со Карабах или Ференцварош, додека поразениот патува во плеј-офот од Конференциската лига и ќе игра со косовски Балкани или фарански Клаксвик.



