Шкендија со позитивни мисли замина за Летонија

Шкендија

Шкендија денесе се упати кон главниот град на Летонија, каде утре ќе се сретне со екипата на Рига во второто квалификациско коло за пласман во Конференциската лига на УЕФА.

По неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите, тетовчани сега ќе се насочат кон групната фаза во второто по ранг клупско натпреварување во Европа.

Летонскиот првак загуби од Малме во борбата за место во ЛШ. Како и Шкендија, ќе се надева на подобар резултат во циклусот за место во новоформираното натпреварување.

Дуелот меѓу Рига и Шкендија се игра овој четврток, а реваншот е закажан за седум дена.