• Мартин Танасковски

Екипата на Шкупи прими гол од Шамрок Роверс во средината на второто полувреме (0-1) на натпреварот во Скопје и е пред елиминација од квалификациите за Лигата на Европа.
Чаирчани имаа две колосални шанси кои не ги искористија и тоа им се удри од глава. По една грешка на средината на теренот и пресечена топка, ирскиот тим дојде до погодок преку Гафни кој успеа да погоди на добар начин.
- Голот на Шамрок Роверс против Шкупи:
Поразениот од овој меч во Конференциската лига го чека двомеч со косовски Балкани или Клаксвик од Фарски Острови.