Шахтјор започнува со натпревари и европска турнеја

Шахтјор

Украинскиот фудбал е целосно стопиран од почетокот на воениот конфликт меѓу Украина и Русија.

Шахтјор Доњецк најави дека наскоро ќе им се врати на своите натпревари. Тимот претрпе многу промени, но костурот на екипата остана идентичен.

„Европската фудбалска унија (УЕФА) ни дозволи да организираме неколку пријателски натпревари низ Европа. Почнуваме во Турција. Ќе играме со Бешикташ на 13 април, потоа на 19-ти со Фенербахче, па Хајдук Сплит и Пари Сен Жермен, а ќе играме и со Лацио“, изјави спортскиот директор Дарио Срна.

Засега нема најава за прекин на војната во Украина, па тоа носи дилеми за иднината на тамошниот фудбал.