Серија А трансфери: Рома најзасилена, Лукаку и Ди Марија ѕвезди на преодниот рок

Економската ситуација на италијанските клубови од година во година е се полоша и полоша. И ова лето голем број таленти заминаа од Серија А, па на „чизмата“ нема да ги гледаме Де Лихт, Перишиќ, Инсиње, Кулибали, Мората...

Милан и Рома се единствените екипи од врвот кои не загубија клучни фудбалери, а Јуве, Интер и Наполи „затвораа дупки“. Водечките екипи останаа со исти тренери, а враќањата на Лукаку и Погба се најголеми засилувања за натпреварувањето. Секако дека во оваа група е и Анхел Ди Марија, „џокерот“ на Ливерпул, Ориги, подзаборавениот Србин Радоњиќ, трансферот на Филип Костиќ.

Интер е прв фаворит според обложувалниците, не се далеку ни Јуве и Милан, а Рома сезонава треба да биде кандидат за титула, со оглед на самодовербата по освоената Конференциска лига и засилувањата од калибарот на Дибала, Матиќ и Вајналдум.

Најмногу нови фудбалери донесе Монца, која се потпре на италијански асови како Сенси, Петања и Песина.

Милан
Дојдоа:

Чарлс Де Кетелар (Бриж), Александаро Флоренци (Рома), Жуниор Месијас (Кротоне), Дивок Ориги (Ливерпул), Јасин Адли (Бордо)

Заминаа:
Јенс Петер Хауге (Ајнтрахт), Лео Дуарте (Истанбул Башакшекир), Франк Кеси (Барселона), Алесио Ромањоли (Лацио), Саму Кастиљехо  (Валенсија), Матиа Калдара (Специја)

Интер
Дојдоа: 

Хоакин Кореа (Лацио), Ромелу Лукаку (Челзи), Кристијан Аслани (Емполи), Раул Беланова (Каљари), Андре Онана (Ајакс), Хенрик Михтарјан (Рома)

Заминаа:
Иван Перишиќ (Тотенхем), Алексис Санчез (Олимпик Марсеј), Матијас Весино (Лацио), Артуро Видал (Фламенго), Андреа Ранокија (Монца), Стефано Сенси (Монца), Валентино Лазаро (Торино), Александар Коларов 

Јувентус
Дојдоа:

Бремер (Торино), Федерико Киеза (Фиорентина), Анхел Ди Марија (ПСЖ), Филип Костиќ (Ајнтрахт), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Федерико Гати (Фросиноне), Николо Фаџоли (Кремонезе), Марко Пјаца (Торино)

Заминаа:
Матијс Де Лихт (Баерн Минхен), Мерих Демирал (Аталанта), Роландо Мандрагора (Фиорентина), Џакомо Вриони (Њу Ингланд Револушн), Пауло Дибала (Рома), Федерико Бернардески (Торонто), Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Џорџо Кјелини (Лос Анџелес), Лука Пелегрини (Ајнтрахт), Џанлука Фработа (Лече)

Наполи
Дојдоа:

Мин Јае Ким (Фенербахче), Андре Замбо Ангуша (Фулам), Матијас Оливеира (Хетафе), Квича Кварацхелија (Динамо Батуми), Лео Остигард (Брајтон), Салваторе Сиругу (Џенова)

Заминаа:
Калиду Кулибали (Челзи), Аркадиуш Милик (Олимпик Марсеј), Андреа Петања (Монца), Себастијано Луперто (Емполи), Давид Оспина (Ал Наср), Лоренцо Инсиње (Торонто), Дрис Мертенс (Галатсарај)

Рома
Дојдоа:

Зеки Челик (Лил), Пауло Дибала (Јувентус), Немања Матиќ (Манчестер Јунајтед), Миле Свилар (Бенфика); Џорџино Вајналдум (ПСЖ)

Заминаа:
Пау Лопез (Олимпик Марсеј), Џордан Верету (Олимпик Марсеј), Ченгиз Ундер (Олимпик Марсеј), Робин Олсен (Астон Вила), Карлес Перез (Селта Виго), Рикардо Черво (Сасуоло), Хенрик Михтарјан (Интер)

Лацио
Дојдоа:

Луис Максимиано (Гранада), Маркос Антонио (Шахтјор), Матија Закањи (Верона), Иван Проведел (Специја), Алесио Ромањоли (Милан), Матијас Весино (Интер)

Заминаа:
Хоакин Кореа (Интер), Ведат Муричи (Мајорка), Денис Вавро (Копенхаген), Луис Фелипе (Бетис), Томас Стракоша (Брентфорд), Лукас Леива (Гремио), Пепе Реина (Виљареал)

По подолго време нема да игра Горан Пандев во Серија А, а Македонија ќе ја претставуваат Елмас и Несторовски.