Сергеј Милинковиќ Савиќ се договорил со Јувентус

Сергеј

Српскиот играч за врска Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе ја продолжи кариерата во Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.

Неговиот договор наводно ќе важи од јули 2023 година. Годишната заработка ќе му биде шест милиони евра. Според најавите, останува само Лацио да ја договори откупната сума за својата ѕвезда.

Клаудио Лотито, претседателот на римјаните, бара обештетување од сто милиони евра. Сигурно дека „старата дама“ нема да прифати таква сума, па се очекува да се водат тврди преговори.

Во Јуве настапуваат двајца српски интернационалци, Филип Костиќ и Душан Влаховиќ.