Секоја екипа има своја ѕвезда – еве ги „првите виолини“ на сите учесници на ЕП!

Европското првенство во фудбал стартува утре, прв пат со 24 екипи во шест групи под нов формат на УЕФА. Токму поради проширувањето, Македонија ја искористи ситуацијата и преку Лигата на нациите дојде на турнирот. 

Секако, очите на светската јавност ќе бидат насочени кон најдобрите, а во Македонија ќе се следи нашиот настап на ЕП. Секоја селекција на овој собир си има своја ѕвезда, играч околу кој се врти играта и кон него се обрнува посебно внимание. На ден пред Европското првенство, ви ги пренесуваме „првите виолини“ на сите селекции. 

  • Група А: 

Италија - Џанлуиџи Донарума (Милан)
Турција - Хакан Чалханоглу (Милан)
Швајцарија - Гранит Џака (Арсенал)
Велс - Герет Бејл (Тотенхем)

  • Група Б:

Белгија - Кевин Де Брујне (Манчестер Сити)
Русија - Артиом Ѕиуба (Зенит)
Данска - Кристијан Ериксен (Интер)
Финска - Теми Пуки (Норич)

  • Група Ц:  

Македонија - Горан Пандев (Џенова)
Холандија - Мемфис Депај (Лион)
Австрија - Давид Алаба (Реал Мадрид)
Украина - Александар Зинченко (Манчестер Сити)

  • Група Д: 

Хрватска - Лука Модриќ (Реал Мадрид)
Чешка - Томаш Соучек (Вест Хем)
Шкотска - Енди Робертсон (Ливерпуп)
Англија - Хари Кејн (Тотенхем)

  • Група Е:  

Шпанија - Алваро Мората (Јувентус)
Шведска - Маркус Берг (Краснодар)
Полска - Роберт Левандовски (Баерн Минхен
Словачка - Марек Хамшик (Гетеборг)

  • Група Ф: 

Германија - Тони Крос (Реал Мадрид)
Франција - Килијан Мбапе (ПСЖ)
Португалија - Кристијано Роналдо (Јувентус)
Унгарија - Доминик Собослаи (РБ Лајпциг)

Меѓу многуте ѕвезди секако има и играчи кои се истакнуваат. Дефинитивно за издвојување е Кристијано Роналдо, кој важи за еден од најдобрите светски фудбалери во историјата. Покрај него, значајна улога во своите селекции треба да одиграат Килијан Мбапе и Нголо Канте во Франција, Кевин Де Брујне во Белгија, Роберт Левандовски во Полска, Лука Модриќ во Хрватска, Хари Кејн во Англија...