Седлоски: Рано е да мислиме на Динамо, не го потценуваме нашиот прв противник

Динамо Загреб е противникот кој во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Шкупи и Линколн Ред Импс.

Македонскиот првак предводен од Гоце Седлоски ќе мора да го помине првото коло, па да се фокусира на евентуалниот судир со хрватскиот гигант. 

„Имав многу пропуштени повици и веднаш знаев што е работата. Верувајте, знам дека сега сите ги интересира како можеме да играме со Динамо, но јас во моментов не се занимавам со тоа, се подготвувам за мечот со Линколн Ред Импс. Бидејќи, ќе биде тешко, ова е клуб кој минатата сезона играше во Конференциската лига, не смееме никого да потцениме. Дури кога тоа ќе помине, ако биде добро за нас, можеме да се посветиме на Динамо.

Не би го споредувал овој тим и тој на Вардар. Имаме добри играчи, многу странци, титулата ја освоивме на пет кола пред крајот, не е лесно во конкуренција со Шкендија или Академија Пандев и тоа го направивме доминантно. Па, ќе видиме какви сме, во секој случај сега се фокусираме на првото квалификациско коло, а за Динамо и онака немам многу што да зборувам. Сите знаеме сè за Динамо, какво реноме и квалитет има“, изјави Седлоски за „Спортсек новости“.

Седлоски беше на чело на Вардар, кој пред шест години во втората фаза од квалификациите за Лигата на шампионите загуби од загрепски Динамо.