ВИДЕО: Седлоски без Хамиди на реваншот, непотребно поцрвене во Ирска

Екипата на Шкупи со пораз се враќа од гостувањето кај Шамрок Роверс (3-1), но на домашен терен има надеж дека може да ја надополни негативата од два гола и да патува во следната рунда од квалификациите за Лигата на Европа.

Но, македонскиот првак ќе мора да биде без еден од најважните играчи во офанзивата. Алжирецот Валид Хамиди поцрвене пред финишот и беше испратен во соблекувалната. Имаше жолт картон крилниот играч, но во 85. минута беспотребно стартуваше остро.

  • Црвениот картон на Хамиди:

Реваншот меѓу Шкупи и Шамрок Роверс се игра во Скопје, а е закажан за пет дена на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.