Сантош: Обединети сме и победивме, но имаме и многу што да поправиме

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, по победата во второто коло од групата Х над Уругвај со 2-0 на Светското првенство во Катар остана скромен, но ги пофали своите фудбалери.

Бруно Фернандеш ги постигна двата гола, но искусниот стручњак смета дека тимот ја донел победата.

„Мислам дека ова беше одличен натпревар. Целиот тим одигра добро против тежок противник. Успеавме да ја контролираме играта. Го спречивме Уругвај да ја игра својата игра, да игра на контра. Првите дваесет минути беа тешки и тоа е заслуга на противникот. Во вториот дел успеавме да одиграме онака како што знаеме.

Имаме многу работи да поправиме, но имаше и многу позитивни работи. Реков дека мојот тим е обединет, дека имаме многу добар тимски дух. Големо задоволство е пласманот во осминафиналето“, изјави Сантош.

Португалија во последното коло ќе игра против Јужна Кореја и без разлика на исходот ќе се квалификува во осминафиналето и веројатно ќе биде првопласирана, па ќе го избегне фаворитот Бразил.

Состави

Фернандо Сантос

4-3-3

    Диего Алонсо

    3-5-2