Санчо се договори со Јунајтед, проблемот „лежи“ во Борусија Дортмунд

Санчо

Џејдон Санчо ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед, но Борусија Дортмунд ја одбила првата понуда од „Олд Трафорд“.

Премиерлигашот понудил 70 милиони евра, но „милионерите“ не се откажуваат од идејата да заработат 90 милиони евра за својата ѕвезда. 21-годишникот се поврзува со кам-бек на англиско тло од минатото лето.

Германскиот клуб ги обезбеди услугите на Санчо во летото 2017 година, кога дојде од Манчестер Сити за помалку од осум милиони евра. Сега би можел да ја наполни касата на бундеслигашот за повеќе од десет пати од сумата која беше платена за него.

За Борусија, младиот англиски талент има одиграно 137 натпревари на кои постигна 50 гола и подели 64 асистенции.