Само тројца дадоа повеќе голови од Елмас во групите на Лига Европа

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше клучен фактор во победата на Наполи над Лестер (3-2), со која „партенопеите“ се пласираа во плеј-офот на Лигата на Европа. Иако во следната фаза ги чека пекол и дуел со еден од осумте третопласирани во Лигата на шампионите, сепак Наполи имаше повисоки цели од само настап во групите. 

Елмас ги одигра сите шест натпревари во групната фаза за Наполи, а беше стартер на пет (влезе од клупата само во првото коло со Лестер). Македонскиот „дијамант“ по двапати погодуваше против Спартак Москва и Наполи, а запиша и една асистенција со што ја заврши првата фаза на натпреварувањето како најдобар во својот тим. Ист број погодоци со Елмас даде Виктор Осимен, ама во таков случај предност добива играчот кој има повеќе асистенции. 

Покрај тоа што беше најкорисен играч на Наполи, во групната фаза само тројца фудбалери постигнаа повеќе голови од Ељиф Елмас. Тото Екамби од Лион, Галено од Брага и Патсон Дака од Лестер се пред македонскиот ас, додека по четири пат стрелаа уште Соболев, Милик и Осимен. 

  • Најдобри стрелци по групната фаза во ЛЕ:
  1. Карл Тото Екамби (шест гола, две асистенции)
  2. Вендерсон Галено (шест гола)
  3. Патсон Дака (пет гола)
  4. Ељиф Елмас (четири гола, една асистенција)
  5. Александер Соболев (четири гола, една асистенција) 

Лигата на Европа се игра во нов формат, во плеј-офот за кој води во осминафиналето ќе играат второпласираните екипи од групите, плус третопласираните од Лигата на шампионите. Оттаму доаѓаат многу гиганти, па на Наполи и Елмас, но и Динамо на Адеми и Ристовски нема да им е лесно. 

Во плеј-офот на Лигата на Европа од елитното друштво ќе се приклучат: БарселонаБорусија ДортмундСевиљаРБ ЛајпцигАталантаПортоЗенит и Шериф.