ВИДЕО: САД и Канада ги комплетираа полуфиналните парови на Голд Купот

Во полуфиналето на Голд Купот, кој се одржува на американско тло ќе играат САД - Катар и Канада - Мексико. Изненадувања изостанаа и во последните четвртфинални дуели, во кои фаворитите победија без примен гол.

На „АТ Стадиум“ во Арлингтон, Американците се намачија да ја совладаа селекцијата на Јамајка (1-0). Единствениот гол за селекцијата на Берхалтер го постигна Хоуп во 83. минута, спречувајќи натпреварот да влезе во екстра-времето. На голот му претходеше прекрасна тимска акција и асистенција на Ролдан. 

Домашната селекција беше многу подобар ривал, но се изнапромашени во зоната пред голманот на Јамајка, Блејк. 

  • САД - Јамајка 1-0: 

Костарика неочекувано загуби од Канада со 0-2 (0-1). Головите за селекцијата на „ловоровиот лист“ беа Хојлет во првото и Еустакио во вториот дел. Изненадувачки лесно канадската селекција ја наметна својата физичка игра и го прегази противникот.

  • Костарика - Канада 0-2: 

Полуфиналните натпревари се играат в четврток, а големото финале за време на викендот. 

Состави

Gregg Berhalter

4-4-2

    Theodore Whitmore

    4-4-2