• Сашо Поповски

Потврдена е само една кандидатура за организација на Европското првенство 2028 година. Велика Британија и Ирска се единствени кои се пријавија за домаќинството на континенталниот собир за шест години.
Меѓутоа изненадувачка информација пристигнува од руските медиуми. Русија ќе поднесе своја кандидатура и ќе биде конкурент на Велика Британија за ова првенство.
„Извршниот одбор одлучи да се кандидираме да бидеме домаќини на Европското првенство во 2028 и 2032 година“, изјави Сергеј Анохин, член на извршниот одбор на Руската фудбалска федерација.
Слично соопштение доаѓа и од Турција, каде наводно федерацијата на оваа земја одлучила да поднесе кандидатура за организација на првенството.