• Сашо Поповски

Наполи на Лучијано Спалети победи на гости кај Торино (0-1) и математички остана во трката за титулата, на две кола до крајот на Серија А.
- Извештај од натпреварот:
Воведниот дел не донесе голми возбудувања. Давид Оспина имаше една посериозна интервенција, а и на спротивната страна гостинскиот тим само еднаш се закани кон голот на противникот. Првиот зицер не го искористи Лоренцо Инсиње. Човекот кој е задолжен за пеналите не искористи удар од белата точка во 60. минута, одново Етрит Бериша интервенираше соодветно и исфрли во корнер.
Притисокот на „наполитанците“ не застана и вроди со плод десетина минути подоцна. Фабиан Руиз го отвори резултатот и ја поправи грешката на својот сонародник. Како и на претходниот меч, Ељиф Елмас доби шанса во завршницата од мечот и запиша нов настап во италијанското првенство. Спалети направи неколку измени за да го смири темпото на игра и да ја исполни својата цел.
Интер е лидер на табелата, со два бода и натпревар повеќе од Милан, а на третата позиција сигурен е Наполи.