Руди Гарсија индиректно го обвини Роналдо за поразот на Ал Наср во Купот

Кристијано Роналдо не постигна погодок ниту на вториот официјален натпревар на неговиот нов клуб Ал Наср. 

Богатиот клуб од Саудиска Арабија во националниот Куп беше поразен од Ал-Итихад со 3-1, а тренерот Руди Гарсија индиректно ја обвини првата ѕвезда на тимот.

„Една од работите што го сменија текот на натпреварот беше пропуштената шанса на Кристијано Роналдо во првото полувреме“, изјави францускиот тренер за новинарите по натпреварот.

Кристијано Роналдо сè уште го чека првиот официјален гол во дресот на новиот клуб. Следниот натпревар го игра в петок на трети февруари на гостински терен против Ал Фатех.