ВИДЕО: „Росонерите“ го обоија Милано – скудетото продефилира пред илјадници фанови

Екипата на Милан испиша одличен успех и по речиси една деценија агонија, се врати на врвот во Италија. Избраниците на Стефано Пиоли го кренаа 19. клупско скудето, а тоа предизвика одушевување меѓу приврзаниците ширум светот. 

Откако синоќа до доцна во ноќта се славеше низ улиците во Милано, за денес попладнево беше закажана стандардната тура со отворен автобус на играчите низ градот. Навивачите на Милан ги преплавија улиците и во огромна бројка ги поздравија шампионите. 

  • Целосната церемонија низ улиците во Милано:

Автобусот тргна од Каза Милан, а крајната дестинација беше плоштадот во Милано, каде што илјадници навивачи повторно го прославија скудетото. „Росонерите“ порачаа дека градот е „црвено-црн“, со неверојатна бројка низ улиците и на плоштадот.

Милан по пауза од единаесет години пак се врати на тронот во калчото, а тоа предизвика ерупција.