Кристијано се претстави со гаф: Нема да ја завршам кариерата во Јужна Африка...

Португалецот Кристијано Роналдо неодамна потпиша две и пол годишен договор вреден 75 милиони евра по сезона, а на стадионот на Ал Наср го пречекаа 25.000 гледачи. Трибините беа претесни за да ги примат сите оние кои сакаа да видат историски момент за клубот од Саудиска Арабија.

Роналдо направи голема грешка при претставувањето. Тој на претставувањето рече.

„Доаѓањето во Јужна Африка не е крај на мојата кариера“!.

По завршувањето на прес-конференцијата на која зборуваше и тренерот на тимот Руди Гарсија, Кристијано замина на пат кон соблекувалните за да го облече дресот на Ал Наср и да излезе да ги поздрави своите нови фанови.