• Зоран Мишевски

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо попладнево беше претставен во својот нов клуб Ал Наср. Португалецот на стадионот го пречекаа 30.000 навивачи. Кога Кристијано се појави на теренот, на трибините завладеа целосно лудило.
Легендата за две години во новиот клуб ќе заработи дури 400 милиони евра.
„Сакав да дојдам овде за да помогнам за развојот на фудбалот во оваа земја, но и за други аспекти“ додаде Португалецот пред фановите.
Тренер на Роналдо во Ал Наср ќе му биде Руди Гарсија, а нови соиграчи Талиска, Оспина, Луис Густаво...