Роналдо поради „таен документ“ си ги бара парите од Јувентус!

Роналдо пенал

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо испрати на адреса на Јувентус барање да си ги добие 20 милиони евра кои му се должат, објави „Газета“.

Иако играчите на Јувентус во минатото потпишаа дека се откажуваат од дел од платите, сепак, Роналдо имал „таен договор“ во кој стои дека италијанскиот тим ќе му исплати на играчот 20 милиони евра без разлика на најавата на корекција на платите.

Фудбалската федерација на Италија го стави Јувентус под истрага поради нелегални исплати на пари за време на 2020 и 2021 година на играчите. Целата управа на „бјанконерите“ си замина, а не е исклучено некои да добијат затворски казни.

Роналдо беше дел од Јувентус од 2018 до 2021 година.