Роналдо: Не дојдов да бидам навивач, дали сте подготвени да се борите за овој клуб? 

Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо имаше фантастичен настап на своето второ деби во дресот на Манчестер Јунајтед. Старо-новата „седумка“ на англискиот гигант во победата над Њукасл од 4-1 учествуваше со два гола, а пред овој дуел на „Олд Трафорд“ имал мотивациски говор во соблекувалната, кој го пренесува британски „Сан“.

„Во Манчестер Јунајтед се вратив од две причини. Првата е бидејќи го сакам овој клуб. Втората е дека ми се допаѓа победничкиот менталитет на овој клуб. Не дојдов тука за да бидам навивач“, рекол Роналдо и му посочил на соиграчите дека дошол по трофеи.

Падот што следуваше по заминувањето на сер Алекс Фергусон, Роналдо смета дека треба итно да се заборави.

„Сите вие ​​сте неверојатни играчи и верувам во вас. Да не беше така, немаше да се вратам. Навивачите ќе ве поддржат доколку дадете сè од себе. Само сакам да создадам победнички менталитет, така што кога ќе се пензионирамe еден ден, тој ќе остане зад нас.

Ќе дадам сè од себе за тоа, но ми треба и вашата поддршка. Дали сте подготвени да се борите? Дали сте подготвени да оставите сè на теренот?“, продолжил Роналдо.

Соблекувалната во молк го проследи говорот на Роналдо, а потоа стана, скандираше и му аплаудираше.