Рома чека добра понуда, Заниоло стравува од драконска казна

Односите меѓу Николо Заниоло и Рома се нарушени затоа што играчот бара трансфер по секоја цена, но клубот нема намера да го продаде за помалку од бараната сума.

„Волчицата“ имаше официјална понуда од Лидс Јунајтед за позајмица со право на откуп од 30 милиони евра, но реши да ја одбие. Заниоло, пак, сака да оди во тимот на Милан, меѓутоа „росонерите“ ја немаат вистинската понуда за Рома.

Калчолигашот сака експресен трансфер на Заниоло за добра сума. Управата, наводно, дури е и подготвена дракоснки да го казни играчот за неговото однесување, па дури и по цена да не заработи ниту цент.

Наводно, Рома му се заканила на Заниоло дека ако не го продаде, тој нема да заигра до јуни 2024 година, додека не му истече договорот.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.