ВИДЕО: Родриго го замолкна „Сан Сиро“, Реал извлече златни три бода од Милано

Анчелоти ги задржа старите навики и го совлада Интер, овојпат како тренер на Реал Мадрид. Минимална победа на гости со голема мака оствари бледиот гостин од Мадрид на гости кај „нераѕурите“ (0-1). Се чекаше дури до надополнувањето од мечот за да биде отворен резултатот. Резервистот Родриго го израдува Карло Анчелоти во 90. минута, кога го шокира домаќинот, кој пропушти неколку прилики во текот на регуларниот дел за да поведе.

По една убава акција по левата страна на резервистот Камавинга, резервистот Родриго со волеј со левата нога го матира Хандановиќ (0-1).

Првиот дел беше израмнет, а најголемата опасност по голот на гостите ја упати Лаутаро Мартинез со глава. „Кралевите“ беа опасни преку Карвахал и Валверде, но зрели шанси не креираа.

Влегувањето на Дамфрис им ги поремети плановите на Анчелоти и се чинеше дека Интер е поблиску до победата. Сепак. тогаш дојде „ладниот туш“ на „Сан Сиро“ и голот за три бода на Родриго.

Интер третпат по дванаесет месеци е поразен од Реал Мадрид и пак најавува многу проблеми за пласман во елиминационата фаза.

Состави

Симоне Инзаги

4-4-2

    Карло Анчелоти

    4-4-2