Робертсон на 5-0 за Ливерпул: „Ајде продолжете, бидете немилосрдни“ (ВИДЕО)

Ливерпул го прегази Манчестер Јунајтед и среде „Олд Трафорд“ победи со убедливи 0-5. „Црвените“ одиграа фуриозен прв дел и постигнаа четири гола, ама по паузата домаќинот се консолидираше и прими само уште еден. 

Во вториот дел единствениот погодок го постигна Мохамед Салах, а камерите уловија интересна реакција на Енди Робертсон. Бекот на Ливерпул бараше од соиграчите да продолжат да го „полнат“ голот на Јунајтед и на пет гола предност. 

  • Реакцијата на Робертсон по петтиот гол:

Робертсон викаше: „Продолжете вака, бидете немилосрдни, одиме“, ама Ливерпул тука запре и не постигна уште еден гол до крајот на мечот.