ВИДЕО: Ристовски во улога на асистент, Спортинг се врати на третото место во Примеира

Спортинг

Екипата на Спортинг се врати на третата позиција во Примеира, по денешната рутинска победа на гости кај Белененсес (1-3).

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски запиша една асистенција и одигра 72 минути на ова гостување. Неговото додавање пред крајот на првиот дел, во погодок го претвори Кабрал за 1-2.

  • Извештај од натпреварот: 

Поведе домаќинот преку Лика, а возврати Коатес по една грешка на домашниот голман. Потоа гостите стигнаа до пресврт, а точка на победата стави Кабрал во надополнувањето од првото полувреме. Тој го постигна вториот гол со удар од белата точка.

За Ристовски ова беше втора асистенција во тековната сезона. На неговото место во вториот дел шанса доби Камачо.

Брага ќе биде главниот конкурент на Спортинг во борбата за квалификациско место во Лигата на Европа.