ВИДЕО: Ристовски стрелец, Ријека убедливо го доби двомечот против ТНС

Ријека

Стефан Ристовски и Леонард Жута, македонските фудбалери во Ријека, ја предводеа дефанзивната линија на хрватскиот шампион во денешната убедлива победа во реваншот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите против ТНС.

Македонските интернационалци започнаа од првата минута во натпреварот, кој на крај заврши во полза на хрватскиот претставник со 1-5. Нашиот Ристовски одигра уште еден одличен меч и асистираше при третиот подогок на Горгон во 61. минута, за три минути подоцна да постигне погодок за 4-0.

Така, Ријека го доби двомечот со вкупни 7-1, по победата на домашен терен од 2-0, и во следното коло најверојатно ќе игра со австриски Салзбург, кој на првиот меч ја победи екипата на Хибернианс со 0-3.