Ристовски се најде на списокот на Спортинг за нокаут фазата во ЛЕ

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски започна да се наметнува во екипата на Спортинг и очекувано се најде на списокот од 22 фудбалери, кои ќе бидат дел од нокаут фазата во Лига Европа (ЛЕ).

Тренерот Жорге Жезус во повеќе наврати му даде шанса на нашиот интернационалец, кој не разочара и ги покажа своите квалитети поради кои беше доведен во Португалија.

Во следната фаза од второто по ранг натпреварување, португалскиот претставник ќе се соочи со Астана. Првиот меч ќе го одигра на гости во Казахстан на 15 февруари, додека реваншот ќе биде една недела подоцна, на 22 февруари во Лисабон.