• Сашо Поповски

Стефан Ристовски остана сам во Португалија, откако започна пандемијата со коронавирус неговата сопруга и синот опатуваа за Македонија.
Цели три месеци македонскиот репрезентастивец беше далеку од своето семејство. Деновиве сопругата и синот се вратија во Португалија и нашиот репрезентативец по подолг период уживаше во друштвото на најблиските.
Емотивната средба и прегратка со синот ја сподели на социјалните мрежи:
На стартот од јуни, Ристовски и неговиот Спортинг ќе продолжат со настапите во португалското првенство, кое се очекува да продолжи од 25. коло.
Лидер на табелата е Порто со 60 бода, еден помалку има Бенфика, додека Брага е третопласирана со 46 бода.