„На Пандев му ја зедов капитенската лента, драго ми е што пак ја израдувавме Македонија!“

По заминувањето на Горан Пандев, капитенската лента во фудбалската селекција на Македонија заврши на рацете на Стефан Ристовски, кој вечерва со своите колеги испишаа нова страница во мак-фудбалот и се пласираа во баражот за СП во Катар.

По победата над Исланд во Скопје, десниот бек откри тајна дека капитенската лента што ја носел на овој меч била истата со која настапи Горан Пандев на мечот со Холандија, по кој ѝ стави крај на репрезентативната кариера.

„Капитенската лента што ја носев на овој натпревар претходно ја носеше Горан Пандев, на мечот со Холандија на ЕП. Ја зедов од него и ете ми донесе среќа. Драго ми е што повторно ја израдувавме Македонија“, рече Ристовски.

Творци на големата победа на Македонија над Исланд беа Елмас со два гола и Алиоски со прекрасен погодок уште на самиот старт на натпреварот.