ВИДЕО: Ристовски одигра 68 минути, Спортинг го загуби дербито од Порто

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра 68 минути во големото португалско дерби на „Драгао“, но неговиот Спортинг загуби од домашниот Порто на Серџо Консеисао со 2-1 (1-1). Овој пораз е сериозен удар за амбициите на „лавовите“ кои останаа заковани на третото место во Примеира.  

Иван Маркано во 28. минута го отвори резултатот, а Рафаел Леао израмни пред самиот крај на првото полувреме. Алжирскиот репрезентативец Јасин Брахими во 48. минута го постигна голот за значаен триумф на домаќините.

Порто ја зголеми предноста пред Бенфика и сега има осум бода повеќе од Бенфика и натпревар повеќе од актуелниот првак. До крајот на шампионатот преостануваат уште девет кола.