Ристовски: Не смее да се тешиме со тоа дека сме „херои“!

Стефан Ристовски, десниот бек на македонската репрезентација, беше критичен по поразот од Холандија (0-3) и кажа дека иако пласманот на Европското првенство (ЕП) е историски, сепак, фудбалерите не се задоволни од изданието затоа што имаат три порази на три меча.

„Фудбалот се игра деведесет минути, некои играчи уште тоа не може да го сфатат. Се тешиме дека сме херои... жал ми е што целиот квалитет што го имаме не ни донесе некој бод. Но, што е, тука е. Сакам да се заблагодарам на сите... Пандев, Тричкоски, Велкоски... горд сум на генерацијата и селекторот. Дојдовме до нешто што никој не успеал. Мора да извлечеме поука од сето ова. Ова е еден турнир каде играат најдобрите репрезентации. Си бара концентрација, комуникација во играта. Не може да играме на некое искуство, затоа што ние не сме како останатите. Европското првенство бара перфекција цели деведесет минути“, изјави Ристовски.

Десниот бек е новиот капитен на Македонија, по пензијата на Горан Пандев. Следни предизвици ќе бидат квалификациите за СП 2022, каде Македонија ќе лови едно од местата кои би донеле деби-учество на светскиот собир.

Состави

Благоја Милевски

4-2-3-1

    Луј ван Гал

    5-3-2