Ристовски: Не сакам да кажам дека сме фаворити, пандемијата промени доста работи (ВИДЕО)

Стефан

По подолг период македонската репрезентација се собра на едно место и ги започна подготовките за натпреварите против Ерменија и Грузија во рамки од Лигата на нации во Лигата Ц.

Нашиот дефанзивец Стефан Ристовски смета дека треба да помине малку време за апаптација на новите вонредни услови и ја одбива фаворитската улога во претстојните дуели.

„Ни треба малку време да се потсетиме на репрезентативнот фудбал. Сепак помина долго време откако бевме заедно. Се надевам на позитивни резултати на следните два меча. Не сакам да кажам дека сме фаворити, пандемијата промени доста работи. Ќе играме во чуден термин, но како за нив, така ќе биде и за нас. Прво ќе мислиме на Ерменците, а потоа ќе се фокусираме на Грузија“, изјави членот на Спортинг.

Македонија победила на три, загубила на исто толку и запишала два нерешени резултати во меѓусебните дуели со ерменската репрезентација.

Натпреварот в сабота се игра со почеток од 15:00 часот, кога се очекуваат тропски услови за игра.