Ристовски на излезни врати од Спортинг: Се сели во Шпанија?

Македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ристовски е на излезни врати од Спортинг Лисабон и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. 

Според неколку медиуми од Пиринејскиот полуостров, искусниот дефанзивец е на чекор до преселба во редовите на Ваљадолид. Членот на Примера цело лето е во потрага по квалитетно решение на десната бековска позиција, а во текот на вчерашниот ден добил понуда од агентот на нашиот репрезентативец. 

Ристовски не е во добри односи со тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, па најверојатно португалскиот клуб ќе се обиде да го продаде до крајот на трансфер-периодот. 

28-годишниот бек пред да се пресели во Португалија, својата играчка кариера ја градеше во Хрватска и Италија, па со оглед на своето големо искуство, сигурно веднаш ќе се снајде и во начинот на игра во Шпанија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.