ВИДЕО: Ристовски му намести гол на Адеми, тежок триумф за Динамо

Македонската врска во Динамо Загреб, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, имаше добро попладне затоа што едниот беше стрелец, другиот асистент на натпреварот против Горица (2-1) кој се одигра во рамки на ХНЛ-лигата.

Аријан Адеми успеа да се запише во листата на стрелците во 55. минута. По една добра пропуштена шанса пред финишот на првиот дел, капитенот на „модрите“ добро се снајде по додавање од Стефан Ристовски.

Голот на Адеми беше за предност, а само неколку минути подоцна изедначи Калик. На триумф хрватскиот првак чекаше до 89. минута кога погоди Оршиќ. На дуелот последните пет минути ги одигра и Влатко Стојановски од Горица.

Овој натпревар беше добар тест за „модрите“ пред враќањето на Лига Европа и големиот дуел против Севиља в четврок навечер на „Санчез Писхуан“.