Ристовски: Кога Мрме ни рече дека цел му е ЕП, се запрашав – „Што зборува човеков?“

Стефан Ристовски не беше задоволен по трите порази на Македонија на Европското првенство, но најави дека оваа генерација сè уште не го кажала последниот збор и во иднина ќе носи нови успеси на нацијата.

Многу веројатно новиот капитен на Македонија, по завршувањето на континенталниот собир, му се заблагодари на Игор Ангеловски кој повеќе нема да биде негов „шеф“ во селекцијата.

„Шефе наш... Ми текнува на вашето доаѓање на чело на селекторската позиција. На првиот состанок ни се обрати со: „Дечки, мојата цел е Европско првенство“. Си запрашав: „Што зборува човеков“, но вие и ние го оставаривме тој сон. Ви благодарам што нѐ обедини да се чувствуваме како едно големо семејство. Ви благодарам што верувавте во нас, и ви благодарам што ни овозможни да се чувствуваме горди Македонци“, напиша Ристовски на социјалните мрежи.

Покрај Ангеловски, од селекцијата се збогуваа уште тројца фудбалери, Горан Пандев, Крсте Велкоски и Игор Тричковски.