Ристовски ја сака Португалија? „Бруно Фернандеш, те чекам!“!

Македонија ги одбројува деновите до ждрепката за баражот за Светското првенство (СП) кое се игра во 2022 година, а ќе биде меѓу неносителите и јасно е дека можно е нашиот национален тим да добие силен ривал.

Еден од носителите и потенцијалните ривали на Македонија ќе биде европскиот шампион од претпоследното издание, Португалија. Стефан Ристовски, капитенот на Македонија, испрати порака до својот пријател Бруно Фернандеш пред баражот. Двајцата беа блиски за време на престојот на десниот бек во Спортинг Лисабон.

На социјалната мрежа „Инстаграм“, Ристовски објави фотографија од вредноста на репрезентациите. Португалија е прва, Македонија е последна според вредноста на тимот, а Ристовски му напиша на Фернандеш - „те чекам!“.

Ждрепката за баражот за СП 2022 ќе се одржи на 26 ноември.