ВИДЕО: Ристовски и Спортинг со залиха патуваат за Плзен, Билбао поразен на „Велодром“

Фудбалерите на Спортинг во првиот осминафинален натпревар славеа победа против тимот на Викторија Плзен со 2-0 (1-0) и се пред пласман во наредната рунда. За португалскиот гигант од првата минута настапи нашиот Стефан Ристовски, кој одлично ги изврши сите свои задачи.

Спортинг имаше доминација од самиот старт на мечот, а отпорот на чешкиот тим, кој главно беше ориентиран на одбрана, го скрши во последните мигови од првиот дел. Коентрао асистираше, а Монтеро се најде на вистинското место и одлично биеше во левиот голманов агол (1-0).

На стартот на вториот дел Фреди Монтеро уште еднаш се најде на вистинското место и по убава колективна акција зголеми на 2-0. До крајот избраниците на Жесус одлично ја контролираа играта и сосема заслужено остварија победа без примен погодок со која си ги зголемија шансите за четвртфинале.

Олимпик Марсеј на својот „Велодром“ издвојува сигурен триумф од 3-1 против Атлетик Билбао и ќе патува со солидна предност пред реваншот во Баскија. Французите одлично започна и веќе по само една минута и поведоа со голот на Окампос. На 2-0 зголеми Паје во 14. минута, а надежта на гостите ја врати Адуриц во 48. минута од првиот дел, откако успешно го реализира спорно досудениот пенал заради игра со рака на Рами. Во вториот дел Окампос со својот втор гол зголеми на 3-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Фудбалерите на РБ Лајпциг остварија минимална предност пред реваншот во Русија, откако славеа победа против Зенит со 2-1 (0-0). Германците со головите на Брума (56') и Вернер (77') поведоа со 2-0, а голот за надеж во реваншот на рускиот тим го постигна Кришито во 86. минута од слободен удар.