ВИДЕО: Ристовски и Спортинг одиграа реми со Сетубал и си го загрозија третото место

Фудбалерите на Спортинг одиграа реми без голови (0-0), дома против Сетубал во средбата од претпоследното коло на португалската Примиера лига. Иако екипата каде што настапува Стефан Ристовски апсолутно доминираше во сите сегменти од играта, не успеа да погоди и мораше да се задоволи со бод. 

Македонскиот репрезентативен бек се најде во стартната постава и го одигра првото полувреме, пред да биде заменет со Лучијано Вието. 

Првото полувреме мина во знакот на тимот од „Хозе Алваладе“ кој имаше целосна контрола, ама ниту еднаш не биеше прецизно по голот на Макариѕе. По паузата, Спортинг тргна поконкретно. Најдобрата можност ја испушти Маркос Акуња, а на спротивната страна можеше да казни во два наврати Переира, но Максимилијано не дозволи. 

  • Извештај од натпреварот: 

Спортинг се бори да ја задржи третата позиција која води директно во Лигата на Европа, а во последното коло ќе им биде доволен бод за тоа. Сепак, во последното коло ќе се сретнат со градскиот ривал Бенфика, бидејќи ако загубат Брага со победа против шампионот Порто ќе ја презеде позицијата број три.