Ристовски и Адеми ги дознаа можните противници во третото квалификациско коло за ЛШ

Адеми

Динамо Загреб ќе се сретне со Омонија во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. 

На денешната ждрепка во Нион беше одлучено дека хрватскиот првак, каде играат Стефан Ристовски и Аријан Адеми, во случај да се пласира во третото коло ќе игра со подобриот од судирот меѓу Легија и Флора.

Во вторник Динамо на својот „Максимир“ ќе го пречека кипарскиот ривал, а седум дена подоцна ќе биде гостин на реваншот.

На почетокот од квалификацискиот циклус, загрепчани беа подобри од исландски Валур.