Ристовски го препорачал Велковски во Ријека

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски по крајот на сезоната кариерата ќе ја продолжи во Хрватска, каде ќе го носи дресот на Ријека, а од клубот го следеле веќе подолго време, по препорака на македонски репрезентативец.

Интересно, Велковски во Ријека го препорачал репрезентативниот колега Стефан Ристовски, кој замина во Спортинг. Тој имал само пофални зборови за стоперот кој може да игра и како играч за врска, па од Ријека решиле да тргнат по него.

Велковски во минатото беше желба и на Динамо Загреб, но не дојде до договор. Тој ќе биде третиот Македонец во Ријека, по Милан Ристовски, братот на Стефан, како и Леонард Жута кој на стартот на 2018 година го обнови договорот со тимот од „Рујевица“.