Ристовски фаќа ритам во Спортинг, од првата минута ќе го започне дербито со Брага

Македонскиот репрезентативен бек, Стефан Ристовски во вторникот одигра фантастичен меч во новиот дрес на Спортинг Лисабон против Јувентус во рамки од 4. коло на Лигата на шампионите. 

Според многумина, токму одличната партија на Ристовски, кој тотално ја неутрализира левата страна на „старата дама“, предводена од Марио Манџукиќ, беше клучна за успехот на португалскиот тим и големиот бод против италијанскиот гигант. Поради исцрпувачкиот натпревар и големиот број на истрчани километри, Ристовски на крајот од мечот се пожалил на болки во ногата, но за негова среќа, како и за тренерот Жесус повредата не е сериозна и нашиот бек е подготвен за нови предизвици. 

Како што најавуваат тамошните медиуми, стручниот штаб на Спортинг не го криеше своето задоволство од настапот на Ристовски на мечот со Јуве и најави дека нашиот репрезентативец од првата минута ќе го започне и утрешниот меч против Брага