Ристовски добива соиграч од Јувентус: Маркизио пред потпис со Спортинг

Клаудио Маркизио, по 25 години одлучи да го напушти Јувентус и најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Португалија, во дресот на Спортинг Лисабон. 

Денес, италијанските медиуми откриваат дека искусниот играч за врска, сепак, нема да се пресели во Кина и до крајот на оваа седмица ќе потпише со португалскиот гигант, каде веќе две сезони настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски

Покрај интересот од Спортинг, за Маркизио загризаа и руски Зенит, како и шпанските Севиља и Бетис, но засега тие се во втор план. Поранешниот италијански репрезентативец поради бројните повреди во последните две сезони го загуби првотимскиот статус во Јуве, па откако спогодбено беше раскинат договорот со „старата дама“, сега како слободен агент може да бира кој клуб ќе го засили.