Ристовски добива сериозна конкуренција од Серија А?

Шутало

Динамо Загреб сериозно размислува за купување на Бошко Шутало, кој моментално има договор со Аталанта.

21-годишниот дефанзивец ја покрива десната бековска позиција, на која игра и нашиот Стефан Ристовски. Тоа ќе значи дека македонскиот репрезентативец ќе има сериозна конкуренција во наредната сезона, ако овој трансфер се оствари. Хрватскиот гигант планира да игра формација 3-4-3, во која и тоа како корисен би бил Шутало. Тој одлично се снаоѓа и на десната стоперска позиција, па тоа е причина плус за интересот од „модрите“.

Младиот Хрват замина во Серија А за 5,5 милиони евра од редовите на Осијек.