Ристовски доби казна од Спортинг, префрлен е во Б-тимот

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски нема добро време во Лисабон, затоа што управата на Спортинг реши да го префрли во вториот тим.

Десниот бек беше на излезни врати од клубот, но реши да остане и одби трансфер. Затоа што одбил да си замине, Ристовски е префрлен во вториот тим на лисабонските „зелени“, а таму од првиот тим исто така е и Рафаел Камачо кој одби трансфер во Динамо Загреб.

За Стефан Ристовски постоеше интерес од Русија, а најблиску до потписот на десниот бек беше Динамо Москва.

Ова е голем проблем за Игор Ангеловски кој чека на ноемврискиот историски меч со Грузија за пласман на ЕП во Тбилиси. Ристовски е главен на десната бековска позиција и за него нема замена.