Ристовски „летна“ за Лисабон - следат прегледи, па потпис на договор со Спортинг

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, се посигурно е дека во новата сезона ќе биде дел од португалскиот шампионат,

Според хрватските медиуми, Ристовски веќе е на пат за Лисабон, каде по поминувањето на лекарските прегледи, ќе потпише петгодишен договор, а тимот на Ријека ќе добие 3,5 милиони евра како обештетување.

Ристовски, минатата година беше еден од најдобрите и најзаслужните фудбалери за освојувањето на шампионската титула со Риека и прекинувањето на доминацијата на Динамо Загреб. 25-годишниот Ристовски потекнува од школата на Вардар, а во периодот од 2010 до 2015 година беше дел од италијанска Парма.